Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на настан за културно обединување

by Fokus

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено учеството на познати естрадни имиња од Бугарија, Србија и Македонија.

Настанот ќе се одржи од 18-ти до 19-ти мај на стадионот во селото, а од земјава ќе учествуваат Елена Велевска, Наум Петрески, Зуица Лазова и оркестарот на Мишел Трајковски.

Од соседна Србија учество ќе земат Мирослав Илиќ, Драган Којиќ Кеба, Милица Миловановиќ и оркестарот на Миша Мијатовиќ, а пак од Бугарија ќе настапат Тони Дачева, Симона Загорова и Лилиа Семкова.

Во најавата за манифестацијата, чии организатори се општините Ќустендил и Слокоштица, наведено е дека Ќустендил е лоциран во близина на балканските земји, со што е еден вид на крстосница за културна соработка на Балканот.

-Ве очекуваме на нашата Балканска средба – Музика без граници, за да докажеме дека не постојат граници во музиката, и кога сме заедно, ние сме посилни од се, пишува во објавата на официјалната страница на манифестацијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости