fbpx

Дали КАРДИОВАСКУЛАРНОТО ЗДРАВЈЕ е под влијание на ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

tonus

Денес ќе зборуваме за поврзаноста меѓу здравјето и функцијата на тироидната жлезда и кардиоваскуларното здравје. Поконкретно, ќе зборуваме како тироидната жлезда влијае на срцето и неговата функција и на што треба да внимаваат лицата со нарушена тироидна функција.

 

Која е функцијата на тироидната жлезда?

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 и T4. Овие хормони во крвта се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

"“Online”/

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04% како fT4. Овие форми се биолошки активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Всушност, овие хормони го регулираат катаболизмот, односно делот од метаболитичките патишта на создавање енергија од внесената храна. Исто така, овие хормони го помагаат контролирањето на растот на клетките, нивното обновнување и метаболизмот. На тој начин, оваа жлезда е доста значајна во регулирањето на работата на срцето, мозокот и регулирањето на телесната температура.

Значи, ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам.

Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.

 

Како се поврзани тироидната жлезда и кардиоваскуларното здравје?

Врската помеѓу функцијата на тироидната жлезда и здравјето на срцето е повеќеслојна, првенствено посредувана преку влијанието на тироидните хормони врз срцевата физиологија. Тироидните хормони, првенствено тироксинot (Т4) и тријодотиронин (Т3), имаат значајна улога во регулирањето на кардиоваскуларната функција преку регулирање на срцевите отчукувања, срцевата контракција и системскиот васкуларен отпор. Хипотироидизмот, кој се карактеризира со ниски нивоа на тироидните хормони се поврзува со брадикардија, односно намален срцев пулс и дијастолна дисфункција, што доведува до нарушена релаксација и полнење на срцевите комори. Спротивно на тоа, хипертироидизмот, означен со прекумерно производство на тироидни хормони, често резултира со тахикардија, односно забрзано срцебиење и зголемен срцев минутен волумен, што потенцијално кулминира со аритмии, хипертензија, па дури и срцева слабост. Покрај тоа, тироидните хормони влијаат на липидниот метаболизам и на васкуларната ендотелијална функција, придонесувајќи за артериосклероза и коронарна артериска болест. 

Па така, воочуваме дека оптималната функција на тироидната жлезда е клучна и за одржување на срцевото здравје, а било какво нарушување на оваа жлезда бара внимателно следење и меџаирање од страна на вашиот лекар, но и соодвтени промени во начинот на живот

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор