Американскиот актер Стивен Сигал пристигна во Кремљ, каде ќе присуствува на церемонијата на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.
Во 2018 година, актерот беше и меѓу поканетите на заклетвата на Путин како претседател, пренесува РИА Новости.
На денешната церемонија во Москва ќе присуствуваат членови на владата, членови на Државната дума и Советот на федерацијата, шефови на претседателската администрација, судии на Уставниот суд, претставници на дипломатскиот кор и други.