Македонија
7. May 2024 - 10:33

Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица

На ден пред Парламентарните и вториот круг од Претседателките избори, денеска ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.

Според информациите од Општинската изборна комисија, до 30 април до кога траеше рокот за пријавување во Охрид за гласање се пријавиле уште 67 болни и изнемоштени лица. Заедно со нив ќе гласаат и оние 172 лица што беа пријавени за првиот круг од Претседателските избори. Овие граѓани своето гласачко право ќе го остварат денеска, во домашни услови.

Во општина Дебрца до наведениот рок за гласање се пријавиле уште 12 лица, така што денеска во таа општина во домашни услови ќе гласаат вкупно 34 стари и изнемоштени лица.