Во многу очекуван настан што се подготвува еден век, извонредната скандинавска ризница на монети на данскиот индустријалец Ларс Емил Брун, вредна 72,5 милиони долари, ќе биде ставена на продажба во серија аукции.
Ларс Емил Брун зад себе оставил тестамент, според кој, неговите потомци мораа да чекаат 100 години за да ја одредат судбината на огромното наследство.
Наесен, реномираната аукциска куќа и дилер на монети „Стакс бауерс“ се подготвува да ја открие пред јавноста колекцијата од 20.000 парчиња скандинавски монети, кои ќе бидат ставени на јавно наддавање.
– Кога првпат слушнав за колекцијата пред неколку години, бев зачуден дека вакво нешто може да постои. Ги имате Данска, Норвешка, Шведска, а потоа територии што порано биле под власта на овие земји. Има огромен број монети од англискиот крал Кануте – вели Викен Јегпариан, потпретседател за нумизматика на компанијата.
По Првата светска војна, Брун ја направил својата колекција како резервна копија на данската Кралска колекција на монети и медали, „како замена доколку се случи нешто со постојната колекција“, како што соопшти Брајан Кендрела, претседател на „Стакс бауерс“.
Колекцијата е осигурена на 500 милиони дански круни (72,5 милиони долари).
– Во овој случај, сè што направивме досега оди во прилог на оваа сума како мошне разумно вреднување на збирката – посочува Кендрела.