Скандал во Полска: Пронајдени уреди за прислушување во просториите на Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полската служба за државна заштита (СОП) заедно со Агенцијата за внатрешна безбедност, открила уреди кои може да се користат за прислушување во просториите во кои денеска требало да биде одржана седница на Владата.

„Службата за државна заштита заедно со Агенцијата за внатрешна безбедност, открила и демонтирала сомнителни уреди во просториите во Катовице, каде денеска ќе биде одржана седницата на Владата. Овие уреди може да се користат за прислушување, наведе Јацек Добржински, портпарол координатора за специјална служба на платформата „Икс“.

Тој наведе дека СОП поведе истрага, пренесува радиото Полска.