Минатата година над 1 милион македонски туристи ја посетиле Грција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Грција минатата година била посетена од 1.128.000 туристи од Македонија, бројка која е двојно поголема од 2022 година, јавува МИА.

Во истражувањето наречено „кој каде оди? колку долго останува? колку троши“, ИНСЕТЕ ги анализра официјалните податоци на грчката Банка за туризмот и туристите во 2023 година.

Македонија е меѓу првите 15 земји според бројот на туристи, и остана без промени на 11. позиција, и покрај зголемениот број на посетители од нашата земја.

Првите 15 зџемји со најголем бнрој посети на Грција се Германија, В.Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.