Breaking News

АНАЛИЗА: За само три месеци “внатрешниот долг“ зголемен за 82 милиони евра


Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар.


Долгот на државните ЈП и фирми е зголемен за повеќе од двојно..


Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од годинава достигна дури 490 740 000 евра што е за 82 000 000 евра повеќе во однос на состојбата на крајот од декември. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека за само три месеци доспеаните а неплатени обврски ги зголемиле Јавните претпријатија и државните фирми, општинските Јавни претпријатија, јавните здравствени установи, министерствата, агенциите.

Конкретно доспеаните а неплатени обврски на ЈП на централно ниво и државните АД и фирми на крајот од март достигнале износ од 235,4 милиони евра што е за дури 69 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од 2023 година. Општинските ЈП во првиот квартал од годинава пријавиле доспеан долг во износ од 76,7 милион евра или 700 000 евра повеќе во однос на последниот квартал од лани.


Доспеани а неплатени обврски

Март 2024 Декември 2023


Државни ЈП и државни фирми 235 410 000 евра 167 500 000 евра

Општински ЈП 76 752 000 евра 76 073 500 евра


Јавни здравствени установи 73 075 000 евра 61 300 000 евра

Буџетски корисници -прва линија 12 614 300 евра 12 353 000 евра

Извор: МФ

Јавните здравствени установи, болници, клиники, во првите три месеци од оваа година имале вкупен доспеан а неплатен долг во износ од 73 милиони евра што е за 11.7 милиони евра повеќе во однос на состојбата со долгот на крајот од 2023 та година. Буџетските корисници од прва линија во кои спаѓаат и министерствата, на крајот од март пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 12,6 милиони евра што е за 261 000 евра повеќе во однос на состојбата во последниот квартал од 2023 та.

Милионски долгови за комуналии, договорни услуги, трансфери..

Споредбената анализа на “Порталб“ покажува дека има драматичен раст на доспеаните а неплатени обврски по основ на “други градежни работи“ односно во март долгот достигнал скоро 55,3 милиони евра што е за 26,2 милиони евра зголемување за само три месеци.

Досепани а неплатени обврски (март 2024)

Други градежни работи 55 271 000 евра

Комунални услуги 119 500 000 евра

Материјали и ситен инвентар 65 808 000 евра

Договорни услуги 49 300 000 евра

Трансфери до невладини орган. 458 000 евра

Субвенции за ЈП 62 000 евра

Извор: МФ

На крајот од третиот квартал во однос на состојбата на крајот на декември лани доспеаните а неплатени обврски се зголемени по повеќе основи : за комунални услуги, греење, транспорт обврските достигнаа 119,5 милиони евра, за материјали и ситен инвентар 65,8 милиони евра, за договорни услуги долговите достигнаа 49,3 милиони евра а значајно се зголемени и долговите по основ на “субвенции за јавните претпријатија“ кои на крајот од март достигнаа износ од 62 000 евра додека износот што се должи по основ на “трансфери до невладини организации“ се приближи до 500 000 евра. На новата должничка листа во “првите десет“ влегоа и ЈП за државни патишта со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 20,2 милиони евра, ЕСМ снабдување со долг од 11,8 милиони евра и АД Елем со должнички износ од 15,5 милиони евра.

Новите податоци за внатрешниот долг покажуваат дека сите општини заедно го намалиле долгот но, пединечно, дел од општините само за три месеци пријавиле значјно зголемени неплатени обврски за што “Порталб“ ќе објави податоци во следната Анализа.