Почнува молкот за претседателските и парламентарните избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва започнува молкот за претседателските и парламентарните избори на 8 мај.

Тој стапува на сила точно на полноќ, и завршува во среда, во 19 часот.

Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.

На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за двајцата кандидати кои на изборите на 24 април освоија најмногу гласови.

На парламентарените избори пак, гласачите ќе можат да се определат за една од вкупно 17 листи на кандидати.

Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат.