Двократен европски шампион во кревање тегови загина борејќи се во Украина

594
epa05893192 Oleksandr Pielieshenko of Ukraine makes an attempt during the Men's Final 85 kg competition of the Weightlifting European Championships 2017 in Split, Croatia, 06 April 2017. EPA/ANTONIO BAT

Двојниот европски шампион во кревање тегови во категоријата до 85 килограми, Олександар Пјелешенко загина во војната против Русија на 30-годишна возраст, соопшти Украинската асоцијација за кревање тегови.

Пјељешенко беше европски шампион во 2016 и 2017 година, а на Олимписките игри во Рио де Жанеиро беше на дофат на медал, освојувајќи го четвртото место. Подоцна во 2018 година, тој беше суспендиран поради позитивен допинг тест.

Украинскиот олимписки комитет му оддаде почит на паднатиот спортист, наведувајќи дека тој им се приклучил на вооружените сили во првите денови од руската агресија.

„Од првите денови на сеопфатната инвазија, Олександр се приклучи на редовите на вооружените сили. Вчера ја добивме тажната вест за неговата смрт“, се вели во објавата. „Со голема тага ве известуваме дека денес престана да чука срцето на почесниот мајстор на спортот на Украина, двократен европски шампион во кревање тегови, Олександр Пиелишенко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и сите што го знаеја Олександр!“, се додава во соопштението.