Фото: Маја Јаневска-Илиева

На ден пред двојните Избори – 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ – чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите, велат од Левица.

– Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар на истрошената досегашна владејачка клика! Левицата, конечно, ќе се ослободи од транзициските клептомани на СДС на „нашата земја“ и ќе се стабилизира во силна и современа Левица, која почива на асномските идеали и на поривот за слобода од канџите на профитот и националните предавства, на поривот за борба против олигархијата и на поривот да си ја вратиме републиката во рацете на обичните луѓе.

Повторно, низ цела Македонија, се вееше знамето на АСНОМ! Во Собранието ќе се бориме неуморно, а ќе црвенее секој сокак и секоја улица, преполни со вас, работни луѓе на чии плеќи притиска тежината на историската задача. Еднаш победивме квислинзи, ќе победиме пак! Левица е тука, со вас и за вас – Македонија ќе биде слободна и Нов свет ќе изградиме – братски! Благодарност до сите наши активисти, волонтери и симпатизери кои несебично се вложија во нашата изборна кампања. Без вас сме ништо, со вас сме сè! Се гледаме од собраниските клупи, со првата пратеничка група на Левица – се вели во партиското соопштение.