EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Аргентинскиот тенисер Маријано Навоне е една од најголемите сензации на АТП турнејата оваа сезона и може да направи нешто навистина незамисливо на Ролан Гарос. Имено, Аргентинецот ја започна годината на 125. место на АТП-листата, за со одлични партии да стигне до 41. позиција.

Во финалето во Каљари славеше против Лоренцо Музети со 2-0 во неделата и со тоа Италијанецот се искачи на 31. место на АТП листата. Сето тоа нè води до фактот дека Навоне може да биде носител на Ролан Гарос иако никогаш не играл грен-слем турнир.

Аргентинецот има само 23 години, а од турнирот во Рио де Жанеиро има скор 17-4.

На грен-слем турнирите има 32 играчи кои ја носат титулата носител, а сè поизвесно е дека Аргентинецот ќе биде еден од нив.