Шпанскиот музеј Прадо потврди радосна вест: Пронајдена е изгубена слика на Караваџо

70
Фото:википедија

Музејот Прадо во Мадрид денеска објави дека пронашол дело на барокниот сликар Караваџо, за кое се сметало дека е изгубено, а кое било продадено на аукција во 2021 година, пренесе АП.

Во соопштението на музејот се наведува дека оваа слика на Караваџо, наречена Ecce homo (латински – Еве еден човек), ќе биде изложена во музејот од крајот на мај до октомври како дел од посебна изложба посветена на тоа дело, во договор со новиот сопственик, чиј идентитет не е објавен.

„Насликана од големиот италијански уметник Караваџо околу 1605-1609 година. и за која се верува дека некогаш била дел од приватната колекција на Филип Четврти од Шпанија, сликата е едно од само 60-те познати дела на Караваџо, а со тоа и едно од највредните уметнички дела во светот“, се додава во соопштението на музејот во Мадрид.

Сликата масло на платно прикажува библиски пасус од Евангелието во кој Исус Христос се појавува пред да биде распнат. Еке Хомо се зборовите на Понтиј Пилат до насобраните Евреи, притоа покажувајќи им го камшикуваниот Исус со трнлива круна на главата, што е чест мотив во христијанската иконографија.

Во април 2022 година, шпанските власти прекинаа уште еден обид за аукција на делото, кое потоа му беше припишано на ученикот на Караваџо, Хозе де Рибера. Тие исто така го забранија извозот, откако музејот ја предупреди владата дека тоа можеби е дело на самиот Караваџо.

Наводната цена на аукцијата била 1.500 евра, додека вредноста на вистинските слики на Караваџо се проценува на десетици милиони евра.

Директорот на музејот Прадо, Мигел Фаломир, рече дека оттогаш сопствениците извршиле студија и продолжиле да ја обновуваат сликата, што довело до откритието „дека тоа е дело на Караваџо и дело кое пристигнало во Шпанија во 17 век“.

Тој рече дека сликата била во рацете на едно семејство во Мадрид од 19 век, кое ја продало на аукција.