Македонија
6. May 2024 - 18:05

Малолетник избоден во Куманово

На 05.05.2024 во 21.58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице, при што се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува МВР.