Мицкоски на средба со Тарвари во штабот на „Вреди“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска се сретна со Арбен Таравари еден од лидерите на коалицијата Вреди, објави ТВ Алсат.

Како што дознава телевизијата, на средбата се разговарало за принципите на новата реформска влада.  Меѓу темите кои биле посочени во разговорот билe борбата против криминалот и корупцијата, како и стратешката ориентација кон ЕУ.