Времето на жените доаѓа – Сега е време за машка еманципација

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, денеска имаше обраќање на трибина на тема „Жени“, која се одржа во Јавна соба.

-Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци. Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат, посочи Силјановска Давкова.