фото: Принтскрин

Во изминативе денови на кампања за парламентарниве и претседателските избори, многупати пративме пораки но и опомени и до претседателските кандидати во вториот круг, но и до нашите политички конкуренти, политичките партии кои се на овие парламентарни избори. Истовремено ја образложивме и нашата визија за тоа како треба да изгледа Македонија во периодов пред нас. Излеговме со разни иновативни, иновациски мерки и инструменти на владини политики со коишто целевме да се сопре растечката сиромаштија, но и да отвориме еден циклус за просперитет, за нов квалитет на животот во Македонија, кажа во своето обраќање до јавноста претседателот на ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата „Храбро за Македонија“, Љупчо Ристовски.

– Во среда, на 8 мај  од изгрејсонце до зајдисонце ја имате уникатната можност да изберете, вашето право за избор е највисокото демократско право во едно општество, искористете го тоа право, храбро излезете масовно на избори на 8 мај во среда и направете избор.  Изборот е за тоа како ќе живеете од четврток натаму. ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како додадена вредност во Коалицијата „Храбро за Македонија“, ви понуди слобода. Власт која што апсолутно ќе цели кон сите видови на слободи, лични, семејни, индивидуални. Ние нудиме влада која што ќе ја прими и на дело ќе ја покаже пораката што ја добивме со велгденските празници деновиве, а таа порака  е пожртвуваваност од страна на државата, од владата, пожртвувана љубов кон својот народ, емпатија, сочувствителност за маките и страдањата на својот народ, но и за потребите на народот како да го премости овој егзистенцијален страв, страв од опстаникот, како утре ќе преживее семејството и секој еден во Македонија, но и како утре ќе отвориме перспективи за да ги оствариме амбициите на своите деца за пристоен живот во Македонија – рече Ристовски.