САД бараат замена за Зеленски?

Соединетите Американски Држави ги интензивираа напорите да најдат замена за актуелниот украински лидер Володимир Зеленски, се вели во соопштението на Руската служба за надворешно разузнавање, објави ТАСС.

„Американците ги интензивираа напорите да најдат алтернатива на актуелниот украински претседател. Вашингтон за ова контактирал со поранешниот украински претседател Пјотр Порошенко, лидерот на партијата Европска солидарност и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се наведува во соопштението. Исто така, постојат тајни разговори во кои се вклучени шефот на украинскиот претседателски кабинет Андреј Јермак, поранешниот врховен украински командант Валериј Залужни и поранешниот спикер на украинската Рада, Дмитриј Разумков, се додава во соопштението.

Според информациите од службата, сите овие политичари може да се бидат ставени во игра доколку ситуацијата на фронтот нагло се влоши или ако се појави потреба да се смени Зеленски што е можно поскоро.

„Главната идеја е да се спречи зголеменото незадоволство кај Украинците поради неуспесите на прозападната политика“, велат од службата.

„Американската администрација не се ни обидува да прикрие дека всушност не им е грижа кој ќе управува со Украина се додека тој може да го продолжи воениот конфликт со Русија. „Војната до последниот Украинец“ мора да продолжи“, се заклучува.