Ристески: Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата. Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови, истакна кандидатот за пратеник Петар Ристески.

-Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија, додава Ристески.