Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
Потребна е добра понуда на Охрид за туризам во текот на целата година
Потребна е добра понуда на Охрид за туризам во текот на целата година .Експертите сметаат дека изминативе години активно се работи на збогатување на понудата која доведе до проширување на сезоната . Подобрени се услови во сместувачките и угостителските капаците, а се нудат и алтернативни форми на туризам.Иако има зголемување на цените, сепак туристичките работници велат Македонскиот бисер и натаму е најевтина дестинација во регионот.
Преку социјалните ,мрежи туристите веке се информирани што е она што се нуди во градот така што треба дополнително со бројни настани и манифестации да се привлекуваат туристите .
Продолжениот празничен викенд го раздвижи градот со гости од речиси сите краеви ширум светот што според најавите на хотелиерите и угостителите е добар старт и најава за туристичката сезона.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар