За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена и Македонија горда

За два дена од денеска, во среда се гласа. За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво, истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, носител на изборна единица 3.

„Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2“.