Скопјанецот кој загина на експресниот пат Штип-Кочани бил сопатник во возилот кое излетало

by fokus

Скопјанецот кој загина ноќеска на експресниот пат Штип – Кочани во близина на село Крупиште бил сопатник во возилото кое излетало од патот. Возачот и двајца малолетници се повредени.

-На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, се вели во официјалното соопштение на МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани новости