Италија повикува на прекин на огнот во Украина, мировни преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана во понеделникот изјави дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин за да се стави крај на војната во Украина.

Гвидо Крозето за весникот Il Messaggero изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да ја запрат руската агресија и го прецениле неговото економско влијание во светот.

„Наместо… единствениот начин да се реши оваа криза е сите да бидат вклучени, прво да се воспостави прекин на огнот, а потоа мир“, рече Крозето.

На забелешката на новинарот дека Путин не покажал волја за преговори, Крозето одговори дека „тоа е добра можност да се потрудиме повеќе“. „Не смееме да пропуштиме ниту еден дипломатски пат, колку и да е тесен“, посочи тој.

Крозето, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина за да „обезбеди време и услови за постигнување прекин на огнот и мир“. Тој исто така предупреди дека, во случај Русија да го окупира Киев, „тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со други земји кои нема да прифатат руски тенкови да се наоѓаат на нивните граници“.

Тој ја нарече минатогодишната украинска контраофанзива грешка со оглед на воената супериорност на Русија и рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е осудена на неуспех, „но тој не бил слушан“.

Италија во моментов претседава со групата Г7.