Се уште никој не знае каде е телото на Данка Илиќ од Бор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Малото девојче Данка Илиќ последен пат ја видела нејзината мајка на 26 март годинава во Бањско Поље.

Детето тој ден излезе од дворот, а на 4 април пристигна вест која ги шокираше сите во Србија, но и во светот.

„Убиена е Данка“, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

За делото се осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Во моментов е во Специјалната затворска болница на вештачење. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ кој е осомничен дека му помогнал на синот да го извади телото.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Како што пишувавме претходно, Драгијевиќ детално опишал како го убил девојчето, но засега одбива да каже каде го однел нејзиното тело.

Според информациите, тие го фрлиле телото на депонија, но подоцна заедно со Радослав Драгијевиќ и братот Далибор го преместиле на непозната локација.

Вториот син, Дејан Драгијевиќ почина во затвор.

До денес не се знае каде е телото на убиената Данка Илиќ.