ПО ТРАГЕДИЈАТА КАЈ СКАДАР, новинар тврди: Ова е причината зошто жената со три деца се фрлила во реката Бојана

3617
Фото: Alma Bushati Arrazi Facebook

Албанскиот новинар Фердинанд Дервиши во емисијата The Review, детално ја опиша трагедијата во Скадар, наведувајќи дека постои сомневање дека 39-годишна жена со три деца (пронајдено е телото на едно дете) се удавила во реката Бојана по насилството извршено врз неа и врз децата, од страна на нејзиниот сопруг.

Според Дервиши, ососмничениот сопруг Ергис Арази во еден момент и рекол на сопругата „Ќе ја доведам љубовницата дома“.

Тој кажал и дека Алма Арази (39) пред трагедијата пиела кафе со сестрата на нејзиниот сопруг, на која средба можеби била информирана дека врската повеќе нема да трае.

Тој вели дека можеби скокањето во студената река Бојана со децата можело да биде одмазда на нејзиниот сопруг за тешката психичка состојба во која се наоѓала Алма.

– Знам дека се почна да се случува во последно време. Поради вонбрачната врска на 31-годишниот сопруг со девојка од 17-18 години, чија мајка била на иста возраст со неговата сопруга, а тој рекол дека ќе ја донесе дома – кажал новинарот.

“Таа не гледаше шанса повторно да се соедини со нејзиниот сопруг. Засега не знаеме дали имало насилство или не. Знаеме дека имало расправии во последно време. Таа имаше разговор со сестрата на нејзиниот сопруг, единствената личност со која имала врска, во кафуле во близина на мостот на Бојана, каде била со сите нејзини деца“, додаде тој.

“Не е чудно што во овој последен разговор ја добила дури и последната информација дека се е готово. Последната линија на надеж исчезнала и почнала одмаздата. Не, да се убие себе си, туку и децата, бидејќи тоа би го повредило нејзиниот сопруг. Од таа средба кога се разделиле, се верува дека таа ги зела децата и ги фрлила во вода“, изјави Дервиши во емисијата The Review.

Детали за трагедијата во Скадар: Полицијата не најде траги на насилство на телото на девојчето