Израелската армија ја почна евакуацијата на палестинските цивили од Рафах

Вооружените сили на Израел започнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафах пред нападот со кој се закануваат подолг период врз јужниот град Газа, објави во понеделникот израелското воено радио. Армијата сѐ уште не го потврди овој извештај.

Според информациите, евакуациите сега се концентрирани во неколку периферни квартови на Рафах, од кои се вели дека евакуираните се насочуваат кон огромните шаторски населби во блиските Кан Јунис и Ал Муваси.

Меѓутоа, во, она што се чини како почеток на евакуацијата пред копнениот напад, израелската војска ги повика Палестинците во источните делови на Рафах да се преселат во блиската „хуманитарна област“.

Во соопштението, војската рече дека плакати, текстуални пораки, телефонски повици и соопштенија во медиумите ќе бидат искористени за да се „охрабри… постепеното движење на цивилите во одредени области“.

По седуммесечната офанзива против Хамас, Израел тврди дека во Рафах се засолниле илјадници борци на палестинската исламистичка група и дека победата е невозможна без заземање на градот.

Бидејќи повеќе од милион и пол раселени Палестинци, или повеќе од половината од вкуонот 2,5 милионско население на разорената енклава се засолниле во Рафах, изгледите за операција со големи жртви ги загрижуваат западните сојузници на Израел и особено соседниот Египет, кој стравува од масовно прелевање на бегалците на неговата територија.