СУРФЕРИТЕ ОД САД И АВСТРАЛИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО БУНАР ВО МЕКСИКО БИЛЕ ЗАСТРЕЛАНИ ВО ГЛАВА

    СУРФЕРИТЕ ОД САД И АВСТРАЛИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО БУНАР ВО МЕКСИКО БИЛЕ ЗАСТРЕЛАНИ ВО ГЛАВАТелата се пронајдени во петокот во четири метри длабок бунар (Фото: Гети)

    Телата на тројцата странски туристи пронајдени во бунар во Мексико имале прострелни рани на главите, објавија властите. Австралиските браќа Џејк (30) и Калум Робинсон (33) и нивниот американски пријател Џејк Картер Роуд (30) исчезнаа на 27 април додека биле на сурфање во популарното туристичко место Енсенада.

    Роднините на тројцата мажи ги идентификувале телата откако дошле во Мексико за да помогнат во истрагата. Полицијата верува дека тие биле нападнати додека се обидувале да спречат грабеж.

    Напаѓачите го сакале нивното пикап возило поради гумите и ги застрелале туристите кога тие дале отпор“, изјави јавната обвинителка на Долна Калифорнија, Марија Андраде.

    Телата се пронајдени во петокот во четири метри длабок бунар околу шест километри од местото на нападот во градот Санто Томас. Во близина се пронајдени и напуштени шатори, изгорен бел пикап и телефон. Во бунарот имало уште едно тело, кое таму било подолго време и не е поврзано со овој случај, кажаа властите.

    Двајца мажи и една жена се уапсени во врска со тројното убиство.

    Долна Калифорнија е една од најнасилните сојузни држави во Мексико, каде што локалните наркобанди водат меѓусебни војни, но одличните услови за сурфање во Енсенада, оддалечен само 90 километри од американската граница, долго време привлекуваат туристи од САД.

    Семејството изгубило контакт со браќата Робинсон на 27 април, кога тие планирале да кампуваат близу плажа, а потоа требало да престојуваат во приватно сместување во Росарио. Но, тие никогаш не се пријавиле таму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира