Сончево со мала локална облачност

Во понеделникот во Македонија претпладнето ќе преовладува претежно сончево и потопло време, а попладне во планинските подрачја со услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 3 до 12, додека, максималната температура ќе биде во интервалот од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево и тивко попладне облачноста краткотрајно ќе се зголеми. Темепратурата ќе достигне до 25 степени.