ГМ Мајами: Ландо Норис ја оствари првата победа во кариерата

Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен Мерцедес победи на Големата награда на Мајами, славејќи ја својата прва победа во кариерата во Светскиот шампионат во елитната класа Формула 1.

Норис стартуваше од петтата позиција, но заврши одлична работа во текот на целата трка, иако имаше малку среќа кога на патеката се појави безбедносното возило. Тоа се случи во 28. круг додека тој беше на чело на поредокот, пред светскиот шампион Макс Верстапен.

Веднаш по заминувањето на безбедносното возило, Холанѓанецот се обиде да го врати водството уште во првиот свиок. Во тој момент 25-годишниот Норис го одби нападот и потоа продолжи да ја зголемува предноста до конечната победа.

Освен што славеше првпат во кариерата, Норис стана 21-виот британски возач во историјата на Формула 1 кој победил на трка за Гран при. Исто така, неговиот Мекларен победи првпат по трката во Монца во 2021 година.

Второто место го освои Макс Верстапен од Ред Бул, лидерот во вкупниот генералниот пласман, кој во кратката историја на оваа трка победи во двете претходни антпреварувања, беше победник и за време на саботната спринт трка. Зад Верстапен беа двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Гран при Мајами, резултати:

  1. Ландо Норис (ВБ/ Мекларен Мерцедес) 1:30:49,876
  2. Макс Верстапен (Хол/ Ред Бул) +7.612
  3. Шарл Леклер (Мон/ Ферари) +9.920
  4. Карлос Саинц (Шпа/ Ферари) +11.407
  5. Серхио Перез (Мек/ Ред Бул) +14.650
    • Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) +16.585

Генерален пласман за СП:

  1. Макс Верстапен (Хол/ Ред Бул) 136 поени
  2. Серхио Перез (Мек/ Ред Бул) 101
  3. Шарл Леклер (Мон/ Ферари) 98
  4. Карлос Саинц (ШПА Ферари) 85
  5. Ландо Норис (ВБ/ Мекларен Мерцедес) 83
  6. Оскар Пјастри (Аус/ Мекларен Мерцедес) 41