Заев: Со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик

by Fokus

Поранешниот премиер Зоран Заев по повод Денот на македонскиот јазик упати честитка до македонските граѓани.

– На некои не им се допадна, а многумина се израдуваа бидејќи беа свесни дека со договорите кои ги склучивме со соседите всушност започнавме нова етапа од негувањето, употребата и промоцијата на македонскиот јазик.

Имено, историјата веќе сведочи дека Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик и од тогашниот бугарски премиер Борисов, а Договорот од Преспа е историски чин на признавање на македонскиот јазик (и на придавката “македонски” во јазична, културна и идентитетска смисла) од страна на официјална Атина.

Ова ново поглавје од современата македонска идентитетска промоција подоцна ни донесе и службена употреба на македонскиот јазик во НАТО во рамки на нашето членство во овој глобален безбедносен сојуз, а со отворањето на преговарачкиот процес со ЕУ нашиот јазик веќе добива службена употреба и низ европските институции.

Македонски патриотизам значи да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина, и нашиот идентитет и нашиот најсилен меѓународен промотор.

Нека е честит Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, напиша Заев.

Поврзани новости