Пукање среде ресторан во Тетовско, нема повредени

by Fokus

На 04.05.2024 година околу 19.30 часот полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Групчин, во тетовско Церово ги лишиле од слобода К.З.(62), Х.А.(33), Р.А.(27) и М.А.(62), сите од Церово. Според пријавеното, по кратка вербална расправија помеѓу К.З. и Х.А. во угостителски објект во селото, К.З. со огнено оружје испукал неколку куршуми, но бил спречен од присутните, а оружјето му било одземено.

Повредени лица нема, а приведените се задржани во полициска станица и се работи на расчистување не случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани новости