ДОБРА ПЛАТА И РУСКИ ПАСОШ ПРИВЛЕКЛЕ СТОТИЦИ КУБАНЦИ ДА СЕ БОРАТ ЗА РУСКАТА ВОЈСКА ВО УКРАИНА

    ДОБРА ПЛАТА И РУСКИ ПАСОШ ПРИВЛЕКЛЕ СТОТИЦИ КУБАНЦИ ДА СЕ БОРАТ ЗА РУСКАТА ВОЈСКА ВО УКРАИНАСтрански борци заробени во Украина зедоа учество на прес-конференција во Киев во март (Фото: АФП)

    Русија регрутира Кубанци да се борат во нејзините редови во војната против Украина, покажа истражување на Би-Би-Си.

    Во септември и октомври 2023, проукраинската платформа „ИнформНапалм“ објави детали од пасошите на повеќе од 200 Кубанци кои наводно се придружиле на руската војска. Деталите биле добиени со хакирање на мејловите на руски службеници за регрутирање во Тула, јужно од Москва. Десетици од овие регрутирани Кубанци имаат објавено фотографии на социјалните мрежи на кои носат руска воена униформа или се сликани на руска територија.

    Од почетокот на инвазијата руската војска има претрпено големи загуби, кои се бројат во десетици илјади и регрутирањето странци му помогна на Кремљ да избегне нови мобилизации на руски граѓани.

    Русија и Куба се сојузници од Студената војна, на Кубанците не им треба виза за да патуваат во Русија и има директни летови меѓу двете земји. Руската војска исто така ги привлекува Кубанците со добро платени договори. Според протечени документи и медиумски извештаи, на Кубанците им се нуди месечна плата од 2.000 долари, што е огромна сума за Куба, каде што просечна месечна плата изнесува околу 25 долари. Истовремено им се ветува руско државјанство. Со руски пасош слободно може да се патува во 117 земји, а со кубански само во 61.

    Тешко е да се процени колку Кубанци заминале да се борат со руската војска. Дипломатскиот претставник на Украина за Латинска Америка и Кариби, Руслан Спирин, кажа дека се околу 400. Еден кубански офицер во Русија изјави дека под негова команда се 90 Кубанци.

    Украинските власти велат дека во изминатите месеци забележале зголемен број странски борци во редовите на руската армија, од кои многумина доаѓаат од Непал, Индија и од африканските земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира