Македонија
5. May 2024 - 16:54

Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид

Со биење на камбаните во охридските храмови точно на полноќ беше најавена радосната вест за Христовото Воскресение. Илјадници верници ги посетија црквите но најмасовно беше во Свети Климентовиот храм на Плаошник каде со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј .

Верниците со црвено јајце во едната и свеќа во другата рака се помолија за здравје и среќа.

Гужви и празнување имаше и низ останатите црковни храмови во Охрид. 

Бројните цркви привлекуваат голем број верници од Македонија и од светот кои уживаат во неговата духовност.

Велигден во древниот Охрид го дочекаа голем број гости од земјава и соседството но не изостанаа ни оние од подалечните земји.