ВОДАТА ГОЛТАШЕ КАМИОН, ВОЗАЧОТ ОДВАЈ СЕ СПАСИ: Страшни поплави во Тексас, евакуирани над 400 луѓе

2146

Оваа недела Тексас го зафати страшно невреме кое предизвика огромни поплави и создаде хаос, а сите го коментираат видеото од возач на камион.

Тој бил заглавен на автопат во камион кој во еден момент почнал да тоне. Возачот се обидел да скокне од камионот, но водата брзо го „проголтала“ возилото.

Сите во шок гледаа што се случува и во неизвесност очекуваа среќен крај. Возачот успеал да излезе од прозорецот и да се качи на хаубата. Додека се борел со поплавата, покрај него поминал друг камион, водата опфатила сѐ од двете страни, но останатите камиони успеале да поминат.

Камионот се извртел додека водата го носела заедно со возачот, а никој не застанал да помогне, сите поминувале без да застанат, набљудуваат или снимаат што се случува.

Бројни градски области на Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени по обилните дождови поради кои спасувачите мораа да евакуираат повеќе од 400 луѓе од потопените домови, од покриви и патишта покриени со матна вода.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите минуваа низ улиците и патиштата со чамци, минуваа низ водата длабока до половината и спасуваа луѓе и домашни животни кои не беа евакуирани навреме.

И вечерва се очекуваат обилни врнежи кои може да предизвикаат дополнителни поплави. Официјалните лица издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Денеска се очекуваат нови врнежи, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку дождот повторно стане посилен. Властите во Хјустон засега не пријавиле загинати или повредени.