Зеленски: Бог го носи украинското знаме на рамениците

303

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска, на православниот Велигден, ги повика сонародниците да се обединат во молитва еден за друг и војниците на фронтот, велејќи дека Бог – кој го има „украинското знаме на рамениците“ – ќе ги одведе во живот кој ќе ја победи смртта.

„Се молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, веќе не бевме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во објавата на неговиот канал Телеграм, пренесува Ројтерс.

Стоејќи пред црквата Света Софија во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе 802 дена се бори за победа против Русија.