Breaking News

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно одлучила да ги затвори локалните претставништва на катарската ТВ Ал Џезира.


Одлуката Нетанјаху ја објави на платформата „Икс“, но последиците од таквиот чекор за таа телевизиска куќа и кога ќе стапи на сила, и дали е трајно или привремено затворена – се уште не се познати.


Таквата одлука е ескалација на долгогодишното противење на Ал Џезира и се заканува да ја зголеми тензијата со Катар, сопственикот на телевизијата, во време кога Владата во Доха има клучна улога во посредувањето барем привремено да се прекине војната во Газа.

Ал Џезира објавува снимки од воздушни напади, преполни болници и го обвинува Израел за масакр. Израелските лидери тврдат дека Ал Џезира соработува со Хамас. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА