Д-р Никола Манџуков: СДСМ-Струмица со нерегистрирано возило агитира за митингот, а ноќеска нивни познат лик вршел притисоци во турското маало

-Почитувани сограѓани, СДСМ-Струмица продолжува со своето безредие. Во текот на вчерашниот ден, со возило кое е без регистарски ознаки и не треба да учествува во сообраќајот, агитираа и разгласуваа за денешниот митинг во Струмица. Продолжуваат да се однесуваат спротивно на законот заборавајќи дека тоа време помина, изјави д-р Никола Манџуков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

-Покрај тоа, синоќа доцна во ноќта наместо како вистински христијани да отидат на Црква, повторно нивни познат лик на струмичани и на Македонија, вршел притисоци во турското Маало врз нашите сограѓани. Останете луѓе и прифатете го поразот. Градот е мал, треба да продолжиме да се почитуваме и понатаму без разлика кој е на власт а кој опозиција. Оставете го народот, тој ги избра промените!