Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св.
„Климент Охридски“ во Скопје, соопшти владината прес – служба. Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г.
Стефан, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм. вг/Фото: Влада .
Извор: МИА