Breaking News

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден


Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение – Велигден.


– Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината.


Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска. бд/вг/Фото и видео: МИА .

Извор: МИА