Breaking News

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија


Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.


Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили. Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим.


Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА