Breaking News

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина.


Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.


Франција ја поддржува истрагата на Европската унија за извозот на електрични возила од Кина, а во јануари Пекинг почна истрага за увоз на бренди, кој главно се произведува во Франција, што се смета за контрамерка на зголемениот број европски истраги.

рп/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА