Садик Кан стана градоначалник на Лондон по трет пат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Лондон,  Садик Кан победи на изборите во главниот град по трет пат, победувајќи ја Сузан Хол од британската Конзервативна партија.

Кан, кој е од Лабуристичката партија, победи во девет од 14-те изборни единици во Лондон.

Тој обезбеди 1.088.225 гласови, додека за Хол гласале 812.397 гласачи, пренесува „Стандард“.