Шведската полиција со предупредување до израелската претставничка да не го напушта хотелот пред Евровизија

725

На израелската евровизиска претставничка Еден Голан ѝ беше препорачано да не го напушта хотелот во Шведска.

На претставничката на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, Еден Голан и беше кажано да не ја напушта хотелската соба, освен ако не оди на настапи и официјални настани на Евровизија поради пропалестинските протести во шведскиот град Малме, градот во кој се одржува овој натпревар.

Полицијата ѝ порача на Голан да се држи подалеку од очите на јавноста, освен за време на настапот, пренесе Јуронујз.

Израелската пејачка пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои се уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност, а побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски музички натпревар.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EDEN GOLAN (@golaneden)