Трагедија во Русија: Шестгодишно девојче паднало од 13 кат, лекарите се борат за нејзиниот живот

148
„Полицијата утврди дека околу 23 часот нејзините родители дошле до влезот да ги земат велосипедите кои ги оставиле пред домот по возењето. Ја оставиле ќерката да спие и ја предупредиле дека брзо ќе се вратат. Вратата од терасата била отворена бидејќи мајката печела колачи, па во станот било многу топло. На враќање, родителите сфатиле дека го нема детето во станот“, додава прес-службата., пренесува РИА Новости.
Веста за несреќниот случај пристигнала во полиција од болницата.
Лекарите ѝ соопштиле на полицијата дека шестгодишно дете паднало од тераса на стан од 13 кат од зграда во Омск и дека е превезено во болница со тешки повреди.