Поранешен НБА кошаркар почина на 33-годишна возраст

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Некогашниот кошаркар на ЛА Лејкерс Дариус Морис почина на 33-годишна возраст. Информацијата на социјалната мрежа „Икс“ ја објави новинарот на ЕСПН Шамс Чарнија.

Морис беше драфтуван како 41. пик на драфтот во 2011 година, а играше за Филаделфија, ЛА Клиперс, Мемфис, Бруклин.

Тој во НБА мина четири сезони.