Освојувајќи историски трет мандат: Лабуристот Садик Кан останува на чело на Лондон

314
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Лабуристот Садик Кан победи на изборите за градоначалник на Лондон, освојувајќи историски трет мандат, додека лабуристите ја продолжуваат низата победи на локалните избори, јавуваат новинските агенции. Актуелниот градоначалник, син на пакистански имигранти, со тоа стана заштитно лице на континуитетот на британската престолнина.

53-годишниот син на возач на автобус за прв пат ја освои власта во Лондон во 2016 година. Тогаш тој стана првиот муслиман на чело на западната престолнина. Со овој трет мандат, освоен против главната конзервативна противкандидатка Сузан Хол, по долговечност го надмина својот претходник, конзервативецот Борис Џонсон, кој двапати беше избран за градоначалник на Лондон.

За време на неговиот прв мандат, Кан жестоко се бореше против Брегзит. Овој пат тој вети град кој ќе биде „поправеден, побезбеден, позелен за сите“. Тој сака да ја прошири програмата за бесплатен ручек за деца од државни училишта. Кан, кој пораснал во социјални станови, е за изградба на 40.000 нови.