Русија издаде потерница по Зеленски

205
Фото:скриншот/Х

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи на Русија се појави известување дека се трага по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува РИА Новости.

Русија, исто така, издаде налог за апсење на поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни и поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Во последните денови, Москва издаде налози за апсење на голем број украински политички актери: секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Литвиненко, поранешниот министер за правда Павел Петренко, поранешниот шеф на Службата за безбедност Валентин Налваиченко, поранешниот министер за финансии Александар Шлапак и поранешен шеф на Народната банка Степан Кубив.

Во март минатата година Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.