Фото: Кочо Топузовски

По повод 121-годишнината од загинувањето на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, на 4 мај, денот на погибијата на великанот, пред
неговиот споменик на скопскиот плоштад, група македонски родољубци се собраа да му оддадат почит, благодарност и да се поклонат пред неговото дело.

Меѓу нив беа академик Љупчо Коцарев, Ставре Џиков, поранешен државен јавен обвинител, хроничар и публицист, Кочо Топузоски, поет и историограф, Фиданка Танаскова, новинар и публицист, Горан Митевски – Гоце, поранешен полициски генерал, Проф. Д-р Константин Димитров, Владимир Пандовски, медиумски менаџер, Христо Ивановски, новинар и др.
Генерал Методија Величковски, поранешен началник на ГШ на АРМ, во своето
кусо обраќање ги потсети присутните на ликот и делото на водачот на македонската
револуционерна борба и духовниот инспиратор на сите македонски генерации за
создавање на слободна и независна македонска држава.