Сам свој лекар: Орангутан од Суматра залечил рана со мелем што самиот го направил од билка позната по своите медицински својства

3355

Орангутан од индонезискиот остров Суматра излечил голем рани на образот користејќи мелем направен од растенија. Ова е и прв регистриран случај на животно во дивината да лекува повреда со помош на лековито растение.

Откако биолозите забележале дека орангутанот Ракус му нанел тревна лапа на лицето, раната се затворила и зараснала за еден месец.

Научниците велат дека ова однесување можеби потекнува од заеднички предок на луѓето и големите мајмуни.

„Тие ни се најблиски роднини и овој пример покажува колку делиме со нив. Ние сме повеќе слични на нив отколку што сме различни“, вели биологот д-р Изабела Лаумер од Институтот Макс Планк и водач на истражувањето, пренесува Nature.

Во јуни 2022 година, во националниот парк Гунунг Леузер, нејзиниот тим забележал дека Ракус имал голем рани на образот.

Тие веруваат дека тој е повреден во тепачка со ривалите – другите машки орангутани, бидејќи деновите пред да ја забележат раната се слушнал неговиот силен плач.

Тимот потоа забележал дека Ракус ги грицка стеблото и лисјата на растението „акар кунинг“, кое има антивоспалителни и антибактериски својства и локалното население го користи за лекување на повреди, како и маларија и дијабетес.

Ракус повеќепати ја нанесуваше течноста на образот, а потоа го мачкаше изџваканото растение над раната додека целосно не ја покрие раната. Потоа продолжил да се храни со растението.

Мелемот изгледа си ја заврши работата. Научниците забележале дека нема знаци на инфекција, а раната се затворила во следните пет дена. По еден месец таа целосно оздравела.