Силјановска-Давкова: Му благодарам на Максим Димитриевски за поддршката во вториот круг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако Максим Димитриевски кажа дека ќе ја даде поддршката за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг претседателски избори, кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на актуелниот градоначалник на Куманово.

„Му благодарам на претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи, не ја заборава. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен, поттикнувачки и одговорен политички чекор“, изјави Силјановска-Давкова.